(ВИДЕО) Паника во Боинг – луѓе скокале од авионот: За време на полетувањето се запалил моторот!

Моторот на „Боинг 737“ се запалил на пистата само неколку моменти пред полетувањето…
Трагедијата е избегната бидејќи патниците го забележале огинот кој доаѓал од моторот.
Инцидентот се случил во авионот на компанијата „Утаир“ кој требало да лета од Москва за Махакчала. Патниците снимиле како пламенот го „голта“ десниот мотор додека го снимале самото полетување.


Во авионот настанала паника и патниците скокале од своите места барајќи авионот да запре. Неколку патници дури ја отвориле и вратата за излез во случај на опасност и скокнале од десното крило. Сите патници подоцна биле префрлени во друг авион за да го продолжат летот.
Портпаролот на авиокомпанијата „Утаир“ за агенцијата РИА изјавил дека патниците не биле загрозени.

Екран.мк/Ruptly
Фото:Рrintscreen Yt


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излет на село – „Цветници“

Денес на празникот Цветници со почеток во 11:00 часот, во организација на Здружение за локален …