Селена Гомез „фатена на состанок“ со познат кошаркар

Популарната пејачка Селена Гомез била фатена на „состанок“ со кошаркарот Џими Батлер.
Откако минатиот месец биле видени на вечера во францускиот ресторан „Лусиен“ во Ист Вилиџ во Њујорк, светските медиуми и социјалните мрежи објавија нова романса помеѓу пејачката Селена Гомез и кошаркарот Џими Батлер.

– Дефинитивно изгледаа како да биле на „состанок“ – рекле очевидци, а пренесе „Page Six“.



Кошаркарот на тимот „Мајами Хит“ пред Селена беше со моделот Кејтлин Новак, со кого ја има и едногодишната ќерка Рајли. Се чини дека поранешните партнери останаа во добри односи и по раскинувањето, бидејќи Кејтлин беше видена во септември како го слави преминувањето на тимот на Батлер во финалето на НБА.

Селена пред два месеци изјави дека пандемијата на коронавирусот целосно и го запрел љубовниот живот.


Да потсетиме, таа неодамна го љубела својот колега Ник Џонас. Со години таа беше во бурна врска со пејачот Џастин Бибер, а после тоа се гледаше со раперот The Weeknd.
Времето ќе покаже дали има вистина во гласините за романсата со кошаркарот. Досега ниту Селена ниту Џими не се огласуваа за овие шпекулации во медиумите.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …