Сеќавање: На денешен ден во 2016 година почина нашиот истакнат вајар Томе Серафимовски

Томе Серафимовски е роден во Зубовце, Гостиварско на 14 јули 1935 година. Тој беше истакнат македонски вајар. Серафимовски е автор на повеќе од 500 склуптури од траен материјал, 100 минијатури и идејни решенија од областа на ситната пластика, десетина релјефи, како и 40-ина изведени споменици и спомен-обележја низ земјава и во светот. Од 1988 година е редовен член на МАНУ. Во својата 50 годишна кариера има одржано повеќе самостојни изложби во Македонија и странство, а добитник е на голем број награди и признанија.

Основно училиште завршил во Гостивар, а во 1953 година се запишал во Сплитското училиште за применета уметност. На студиите во Сплит специјализирал вајарство, а за време на неговиот престој повремено работел и како сликар-сценограф во тамошниот Народен театар. Своето високо образование го продолжил на Академијата за ликовни уметности во Загреб, каде што дипломирал во 1963 година кај професорот Антун Аугистинчиќ.


Во 1966 година добил стипедија од француската влада и заминал за Париз, каде 4 години ја посетувал школата за убави уметности. Истовремено три години минал како соработник во ателјето на познатата аргентинска вајарка, Алиција Пеналба. По ваквите искуства, Серафимоски се вратил во Македонија, извесно време работел како сценограф во Радио Tелевизија Скопје. Од 1970 до 1984 година бил директор на Домот на културата во Гостивар. На 7 октомври 1988 година бил избран за член на Македонската академија на науките и уметностите.

Починал во Скопје на 3 март 2016 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …