Премиера на урнебесната комедија „Премиерот“ утревечер во МНТ

Во понеделник, 4 март 2024 година, во Македонскиот Народен Театар, со почеток во 20:00 часот, премиерно ќе биде изведена комедијата „Премиерот“.

„ПРЕМИЕРОТ“ е урнебесна хит комедија која ќе ја насмее публиката до солзи. Целата ситуација се случува во време на избори. Низ призмата на театарскиот јазик со многу комични ситуации публиката ќе може да види што се случува во кабинетот на премиерот. Како е да си премиер? Како е соочувањето на кандидатите за премиер? Како се станува премиер? Кој се може да биде премиер? Како е да ја добиеш или изгубиш премирската столица? Дали еден естраден уметник може да стане премиер и да ја води владата? Сите овие прашања и уште многу други низ призмата на комедијата ќе бидат одговорени во оваа урнебесна комедија.


,,ПРЕМИЕРОТ” ќе ги насмее сите и е комедија во која нема вулгарности, туки низ призма на минатото, сегашноста, со свои видување на секој од нас кон иднината, ќе ја насмее публиката. Во ликовите и ситуациите секој може да се препознае, бидејќи тоа што оваа комедија ја прави поразлична од другете е тоа дека е комедија за сите, без никого да навреди. Целта е да се насмееме, уживаме и да си погледнеме малку онаму каде ретко кој може да погледне.

Автор: Огнен Неделковски
Режисер: Сашо Ристовски


Играат:
Магдалена Ризова-Черних
Сашо Ристовски
Бранко Атанасов
Ема Давчева

Продукција: Театар ХИТ 2024
Билетите се пуштени во продажба онлајн преку www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ. Цената на билетот за изведбата е 500,00 денари.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Со цело срце за нечие подобро утре“ – хуманитарна изложба на автомобили

Денес на паркингот кај градски базен во Куманово во период од 10:00-17:00 часот, ќе се …