Сеќавање: 5 години без нашата актерка Билјана Беличанец-Алексиќ

Билјана Беличанец-Алексиќ е родена на 25 јули 1973 година во Скопје. Таа беше истакната македонска театарска, телевизиска и филмска глумица. Во периодот од 2013 до 2017 година ја извршувала функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода.

Ќерка е на познатиот водител на манифестации, Симон Беличанец. Во 1994 година дипломирала како најмлад глумец на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија.


Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје. До сега реализира бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други инстутуции и проекти. Во 2012 година го добила признанието „Мајка Тереза“.

Починала на 6 април 2019 година во Скопје.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …