Денес роденден слави нашата позната пејачка на македонски изворни и новокомпонирани песни Блага Петреска

Блага Петреска е родена на 6 април 1947 година во Прилеп. Завршила нижо музичко училиште во Прилеп, средно музичко училиште и Виша педагошка академија во Скопје. Три години работела како наставник во нижото музичко училиште во Прилеп, а три и пол децении како член на хорот при операта на Македонскиот народен театар во Скопје. Ја играла насловната улога во драмата „Коштана“ заедно со Петре Прличко. Првите снимки како изведувач ги направила со оркестарот на Кочо Петровски.

За РТБ, а подоцна за повеќе македонски издавачки куќи снимила голем број плочи, ЦД и други носачи на звук со разни оркестари и групи. Има снимено и дуети со Гоце Арнаудов Пеам да не заплачам, и со Ефто Пупиновски Песна може се, Зоро моја Зорице и Кај ме залуди Калино.


Добитничка е на следниве награди:

-Награда на “Фолк Фест Валандово” за песната “Заљуби се” 1-награда од публиката (1987)
-Награда на фестивалот “Цветници” за песната Песната може се заедно со Ефто Пупиновски со прва награда од жири-комисијата (1992)
-Награда од жири за пената “Колку чини тагата” на Фестивалот “Филиграни” (2008)
-Награда за животно дело 3-ноември (2010)
-Награда “Гран при” на фестивалот “Филиграни” (2016)
-Награда за животно дело на фестивалот “Тумба фест” Куманово (2021)
-Награда за трајни вредности на фестивалот “Прилеп фест” (2022)
-Награда за трајни вредности на фестивалот “Фолк Фест Валандово” (2022)
-Награда за животно дело Златна бубамара на популарноста (2023)


Среќен роденден Блага ти посакува редакцијата на Екран.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …