Се пополнува актерската екипа за третата сезона на „Вистински детектив“

Минале скоро три години откако можевме да ја гледаме втората сезона од серијата „Вистински детектив“. Последните вести за потенцијалната нова сезона од ХБО ја слушнавме ова лето, а сега конечно пристигна нова.
Стивен Дорф е најновото актерско засилување на новата, трета сезона, а познато е дека ќе го глуми Роланд Вест, државен истражител во Арканзас кој се наоѓа во истрага на свиреп злочин кој не е решен веќе 30. години. Така Дорф се придружил на добитникот на Оскар Махершали Али кој се наоѓа во улога на детективот Вејн Хејс и Кармен Ејого која ја глуми локалната учителка Амелија Рирдон.
Дејствието на третата сезона ќе биде сместено во планинскиот ланец Озарк кој се пружа долж Арканзас, Мисури, Оклахома и Канзас, а ќе стане збор за споментиот злостор кој се одвива во три одвоени временски периоди.
Авторот на серијата и фалената прва сезона Ник Пизолато се враќа на пишувањето сценарио за оваа сезона со тоа што ги напишал сите епизоди освен четвртата на која соработувал со Дејвид Милч. Пизолато во оваа сезона ќе има и режисерско деби, а повеќето сезона ќе ја режира Џереми Солниер.
Третата сезона ја очекуваме на ХБО во текот на годината, но не се знае кога бидејќи продукцијата сеуште не почнала (би требало нскоро).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …