(ВИДЕО) Аткинсон го враќа Џони Инглиш!

Филмот „Џони Инглиш 3“ добил службена дата на излегување – 20. септември 2018. година. Роуен Аткинсон ќе ја репризира својата улога на насловниот лик, а режисерската палка ја презема Дејвид Кар.
Пародијата на Џемс Бонд започнала во 2003. кога токму сценаристите на Бонд, Нил Пурвис и Роберт Вејд, со помош на Вилијам Дејвис, донеле приказна за смотаниот агент МИ-7. Во филмот исто така глумеле и Бен Милер, Натали Имбруглиа и Џон Малкович. Работен со буџет од само 40. милиони филмот заработил солидни 160. милиони.
Првото продолжување пристигнало осум години подоцна кога во 2011. година Џони Инглиш повторно јава. Продукцијата на продолжението била само 5. милиони поскапа, а заработувачката била идентична – 160. милиони долари. Во продолжувањето исто така глумеле Џулиан Андерсон, Доминик Вест, Росамунд Пајк, Даниел Калула и Ричард Шиф.
Во филмот „Џони Инглиш 3“, освен Аткинсон во насловната улога ги очекуваме и Олга Кириленко и Бен Милер. Во какви невољи повторно ќе се најде најсмотаниот таен агент на светот ќе дознаеме за неколку месеци – поточно на 20. септември оваа година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Второ издание на конференцијата за активно граѓанство „КритикУМ“

На 24-ти и 25ти јануари во Скопје, Здружението за едукативен развој Еквалис ја организира втората …