Русија победи на Јуниор евровизија

Претставничката на Русија, 14.годишната Полина Богусевич, победи на годинешното натпреварување Јуниор Евровизија. Македонската претставничка Мина Блажев заврши на 12. место.
Изборот за најубава јуниорска песна се одржа во Тбилиси, Грузија, а Полина собра 188 поени со песната „Крилја“. На второто место беше претставникот на Грузија, а трета Австралијката Изабела Кларк. Оваа година првпат при изборот на победникот можеше да се гласа и за сопствената земја, а се гласаше преку интернет-страницата на Јуниор евровизија.
Во натпреварувањето учествуваа претставници на 16 земји: Австралија, Албанија, Ерменија, Белорусија, Грузија, Ирска, Италија, Кипар, Македонија, Малта, Полска, Португалија, Русија, Србија, Холандија и Украина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 10 години без нашиот познат фолк пејач Војо Стојановски

Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во с. Букојчани, Кичевско. Тој беше …