,,Рурална жена низ објективот“ – Изложба на фотографии од Лејла Куртов

Во барот Оро, вечерва со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја погледнете изложбата на фотографии од Лејла Куртов, насловена ,,Рурална жена низ објективот“.

На Изложбата ,,Рурална жена низ објективот” ќе будат претставени 19 фотографии и 17 животни приказни со кои авторката сака да го скрши стереотипот за руралната жена во нашето општество.
Руралната жена ја негува традицијата, а од друга страна е и урбана жена која може да приднесе и на економски, социјален и културен развој.


Фотографиите се доказ дека руралната жена е силна и моќна.

Лејла родена во Скопје 1996 година, дипломира педагогија на Филозофскиот Факултет во Скопје, а потоа се сели и работи како воспитувач во Детската Градинка во Општина Конче, со што и самата ги руши стереотипите за ‘главниот град’ како единствена вредна опција. Покрај својата професионална дејност во слободно време се занимава со фотографија и уметничко сликање.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во ликовниот салон од ЦК”Марко Цепенков” е отворена изложбата “Пиктограми” од Светлана Попова и Марија Штерјова

Во ликовниот салон од ЦК”Марко Цепенков” во Прилеп синоќа 26.04.2024, е отворена изложбата “Пиктограми” од …