БОБИ АНДОНОВ СО ПРОМОЦИЈА НА НОВ СИНГЛ И СПОТ ЗА – “BETWEEN THE LINES”

Боби Андонов е македонски пејач, текстописец и продуцент, роден во Мелбурн  Австралија, по потекло од Струмица, а живее и работи во Лос Анџелес (САД).

Македонската публика го памети по настапот на детската евровизија во далечната 2008 ма година во Кипар, каде на негови 14 год. ја претставуваше Македонија. Во конкуренција од петнаесет земји Боби се пласираше на високото петто место со песната “Прати ми СМС“ во продукција на Јованов Рекордс.


 


 

Музичката кариера ја почнува на шест годишна возраст, ученик е по пеење, танц, пијано и гитара, а на девет години настапува во младинскиот мјузикл Брилијантин. Подоцна тој е избран да биде млад Симба во бродвејската продукција на “Кралот лав” во Мелбурн и Шангај, Кина.


За големината на неговиот талент и потенцијал доби потврда од нашиот најголем Тоше Проески, каде во септември 2007 год. на Австралиската турнеја на Тоше во Мелбурн имаа заедничка изведба на песната “Life is a book”.

 

Во 2010 година учествува во шоуто “Astralia’s Got Talent” каде се пласира во големото финале, а со изведба на песната “Фајтер“ од  Кристина Агилера завршува на петтото место.

 

Соработува со Warner Music, а во ноември 2015та Андонов потпишува договор со Hollywood Records и се сели во Лос Анџелес, каде живее и работи денес.

 

Пред точно една година го објавува синглот “Bad Decisions“, кој се најде во хит филмот на Netflix “After Everything“ и котираше високо на топ листите низ цела Европа.

Горд на своето македонско потекло, пред една недела објавува верзија на Јовано Јованке, за која миксот и мастерингот го изработи нашиот познат продуцент Јован Јованов.

Сакам да објавам нешто и за моите фанови од Македонија, како благодарност за сета љубов и поддршка што ми ја даваат за сите овие години Ни изјави Боби..

 

Вчера на Јутуб беше промовиран најновиот сингл “Between the Lines“ – прва песна од неговиот нов проект за која ќе рече: Беше патување од првото необично демо. Зборовите зад песната имаат неколку различни значења, малку е мистериозно, но за мене се работи за внатрешната борба, каде што си самиот свој најголем непријател.

Албумот под наслов ‘SAINT’ се очекува да излезе на 9ti Maj.

Боби Андонов во моментот во Лос Анџелес работи на нов албум и на проекти на други изведувачи, но има желба и се надева дека оваа година ќе ја посети Македонија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СОБРАЛА КОМПЛИМЕНТИ – Шерон Стоун во долна облека ја пресоздала легендарната сцена од „Сурови страсти“

Шерон Стоун ја пресоздала својата легендарна сцена од филмот „Сурови страсти“ облечена во долна облека …