„Лицето на зборовите“ – современа македонска поезија


Настап на македонски поети, студенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ и актерот Благој Чоревски. Љубовна лирика од: Петре М. Андреевски, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Михаил Ренџов, Гордана Михаилова Бошнакоска, Даница Ручигај, Евгенија Шуплинова, Веле Смилевски, Ристо Ѓ. Јачев, Виолета Танчева-Златева и Никола Маџиров.

Прочит и на студентски преводи од македонски на албански јазик.


Станува збор за настан во рамки на манифестацијата „Денови на поезијата“, што ќе се одржи во периодот од 21 до 24 март, во организација на Скопје Сити Мол заедно со Фондацијата „Ацо Шопов Поезија“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ‒ Скопје, Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература, „ПНВ Публикации“ и „Култура Бета“, и ќе се состои од низа настани за промоција на поезијата.

Манифестацијата се организира по повод Светскиот ден на поезијата, а во знак на 85 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин и на 80 години од објавувањето на „Песни“ од Ацо Шопов – првата книга на македонски јазик во слободна Македонија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Енергија директно од природата: Nutrino Lab Energy Boost – нова природна линија на производи од Baby Food Factory

  Заборавете на сите брзи решенија за енергија, бидејќи вистинската, трајна енергија доаѓа од природата. …