(РЕЦЕПТ) Виното од рузмарин го чува ПАМТЕЊЕТО и ги зајакнува НЕРВИТЕ: За подготовка на овој пијалок потребни ви се само ДВЕ СОСТОЈКИ!

Рузмаринот долго време се користи како многу лековито растение, особено во фитотерапијата, а често можеме да го видиме и како состојка во козметологијата.
Рузмаринот има силно антиоксидативно дејство, а со тоа го штити организмот од слободните радикали и клеточните мутации.
Со редовно консумирање, рузмаринот позитивно влијае на функцијата на мозокот, ја подобрува концентрацијата, ја зачувува меморијата и ја елиминира главоболката и мигрената. Може да го намали нивото на кортизол, да заштити од предвремено стареење, алергии, вируси.
Рузмаринот го содржи есенцијалното масло – цинеол, кое ја забрзува циркулацијата.
Рецепт:
200 гр свеж рузмарин треба да се натопи во литар домашно бело вино (или лозова ракија), да отстои седум дена и потоа да се процеди. Чувајте го виното во добро затворено стаклено шише на ладно и темно место.
Пијте една чаша (0,3 дцл) наутро на празен стомак.
Доколку сепак не сакате алкохол туку органски чаеви, тогаш направете топол пијалок од рузмарин по рецепт на познатиот билкар Момчило Антонијевиќ.
– Една лажица суви листови рузмарин прелијте ги со шолја врела вода и оставете да отстои 15. до 20. минути, процедете и испијте. Идеално, една до две шолји чај во текот на денот. Рузмаринот е исто така една од оние билки кои треба да се пијат наутро бидејќи не стимулира, ни дава фокус, не буди и е идеален утрински напиток во комбинација со нане и коприва – истакнал тој за време на интервју за РТС.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …