„Бебиситерката ДАДЕ ОТКАЗ откако ги прочита моите приватни пораки со МАЖОТ“

Да се биде дадилка е многу одговорна работа и дефинитивно не и било лесно на бебиситерката да работи за оваа двојка за чии деца таа се грижела.
Двојката најмила бебиситерка за да се грижи за нивните две девојчиња за да тие можат да одат на работа. Но, нивната врска станала напната кога дадилката за прв пат доцнела десет минути, поради што жената доцнела на работа.
Решиле да и простат и повеќе да не го спомнуваат тоа, но по се изгледа не било така. Ден подоцна бебиситерката рекла дека и помагала на едно од девојчињата на ајподот и случајно ги прочитала пораките кои брачната двојка си ги разменила а се однесувале на неа.

Сопругата раскажала што се случило:
„Му се пожалив колку доцни тоа утро и дека доцнам и јас на работа, а таа продолжила да ги чита пораките во последниот месец. Дента пред да дојде кај нас да ги чува децата, ми испрати порака дека повеќе не сака да работи кај нас, бидејќи ги прочитала пораките. Беше навистина повредена и ми беше жал за неа. Се чувствувам ужасно, но и повредено затоа што ја читаше нашата кореспонденција. Ѝ се извинив за тоа што му го напишав на сопругот, но сепак ми е тажно – се пожалила жената на еден форум, а потоа добила различни мислења:
Повеќето од нив се согласиле дека бебиситерката им ја нарушила приватноста и дека згрешила што ги читала пораките, бидејќи тоа е недозволиво.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како да ги поминете празниците без вишок килограми?

Во потрага сте по хранлив заменски оброк за управување со тежината? Брзото темпо на современиот …