(Рецепт) Солени Рафаело топчиња: Најубаво предјадење кое освојува!

Рафаело е една од најпродаваните слатки ширум светот, но дури и овој солен пандан на познатите слатки топчиња со кокос не треба да се фрла. Напротив, ќе уживате и при правење и во комбинирање на вкусови.
Состојки:
1 парче пилешко бело месо
200 грама фета сирење
1 врзоп зеленчук за супа
1 лажица мајонез
1 лажица кисела павлака
7 маслинки полнети со пиперки
брашно
50 грама кашкавал
200 грама сусам
2 јајца
4 кисели краставички
масло
сол, мелен црн пипер
Подготовка:
Извадете ги кожата и коските од белото пилешко месо. Ставете ги месото и коските во тенџере. Додадете целер, магдонос, моркови и магдонос. Истурете еден литар вода, сол и црн пипер. Оставете зеленчукот да се вари 40 минути. Исцедете ја содржината.
Сомелете ги месото и зеленчукот и истурете ги во подлабок сад. Додадете краставички исечени на коцки и сирење фета. Додадете рендано кашкавал, павлака и мајонез.
Земете од смесата, израмнете и ставете ги полнетите маслинки на средина. Формирајте топле, валкајте ја во брашно, јајца и сусам. Сите топчиња подгответе ги на ист начин.
Пржете во загреано масло.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …