Доколку барате инспирација за утрешниот ручек, вие сте на вистинското место. Ви донесуваме уште еден интересен рецепт на славниот хрватски готвач Мате Јанковиќ.
Овој пат ви откриваме рецепт за мусака што сè уште не сте пробале. Лесно е да се подготви и ќе го израдува секој што ја проба.
Како изгледа подготовката на мусака со тиквички со цитрусна павлака, видете во видеото подолу.
Состојки за 4 лица:
1,5 кг тиквички
0,5 кг мелено јунешко месо
0,4 кг кромид
3 чешниња лук
2 дл црвено вино
цадена црвена пиперка
сол
бибер
0,4 дл млеко
табаско
јаболков оцет
морско оревче
3 јајца
150 гр кисела павлака
лажица сецкан магдонос
коричка од 1 лимон
Подготовка:
1. Исечете ги тиквичките на парчиња, посолете ги и оставете да отстојат. Со кујнска хартија, соберете ја водата што излезе од нив, испржете ги на маслиново масло и оставете ги да отстојат на страна.
2. На маслиново масло динстајте го кормидот исечкан на ситни коцки, додајте ги лукот и меленото месо и пржете додека не испари целата течност.
3. Додадете сол и бибер и црвено вино. Варете додека не се изредуцира виното, додајте ја чадената црвена пиперка, јаболков оцет и табаско.
4. Ставете слој тиквички во сад за печење, додадете слој од месо и ставете тиквички на врвот. Во сад ставете јајца, сол, бибер, млеко и магдонос и прелијте преку месото и тиквичките.
5. Печете сè во загреана рерна на 180 степени, околу 30-40 минути. Оставете го садот по печењето 20-30 минути. Во киселата павлака ставете морско оревче, рендана коричка од лимон, сол, бибер и магдонос и сервирајте со мусаката.