(Рецепт) Најдобар домашен сладолед од чоколадо

На добриот сладолед не му се бројат калориите…
Потребно е: 5 белки, 1о лажици шеќер, 5 жолчки, 500 мл слатка павлака, 1 кесичка ванилин шеќер, 300 мл млеко, 200 г црно чоколадо, 100 г лешници
Подготовка: млекото ставете го да се загрева. Во сад изматете ги жолчките со шеќерот па истурете во врелото млеко и варете смесата да се згусти како за пудинг. Тргнете го садот од ринглата.
Посебно изматете ги белките па додајте во изладената смеса од млеко и жолчки. Потоа изматете ја слатката павлака и додајте го истопеното чоколадо. Павлаката не смеете да ја прематите туку колку да се гледаат врвови. Чоколадото истопете го на водена купка (над вода што врие) ставете друг сад со чоколадото. Соединете ги двете смеси. Се’ убаво измешајте и истурете во сад за сладолед и наросете со печени и сечкани лешници.
Префрлете во замрзнувач на најмалку 3. часа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Втора панел дискусија на dm: Грижата за себе за време на менструацијата да прерасне во месечен ритуал

Студентките од државниот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип на 12 декември беа дел од втората …