(РЕЦЕПТ) Идеален десерт за слави: Посни ФЕРЕРО топчиња кои лесно се прават

Направете посна верзија од најпопуларните чоколадни бонбони во светот.
Состојки:
– 200 грама посни наполитанки со лешници
– 300 грама крупно сечкани печени лешници
– 200 грама маргарин
– 200 грама чоколадо
За прелив и посипување:
– 200 грама чоколадо
– 90 грама маргарин
– 1 лажица мед
– 100 грама ситно сечкани печени лешници
– Чоколадни трошки (купени или исечкани од чоколадо за готвење)
Подготовка:
Издробете ги наполитанките и додадете ги лешниците. Маргаринот изматете го со растопеното чоколадо и додадете го во смесата со наполитанки и лешник. Сè убаво соединете и со раце направете топчиња.
Направените топчиња ставете ги во фрижидер два часа да се стегнат.
За преливот на топчињата растопете го чоколадото со маргарин и мед, а потоа со лажица спуштете ги стврднатите топчиња во чоколадото и наредете ги во хартиени корпички во кои сте посипале малку сечкани лешници. Потоа врз топчињата посипете лешници и чоколадни трошки. Оставете ги подготвените топчиња во фрижидер, убаво да се стегнат.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …