(Рецепт) Едноставен трик ги чисти тврдокорните дамки во тоалетот, тајната е во производот од кујната!

Чистењето на тоалетот е ретко кому омилена активност, особено кога се акумулираат тврдоглави дамки што треба да се чистат. Сепак, една мајка од Австралија, во групата „Мајки“ на Фејсбук, споделила трик за чистење и ја открила тајната состојка за отстранување на дамките, пишува Daily Mail.
“Мразам да го чистам тоалетот. Два чинии (околу 25 грама) лимонска киселина оставени во тоалетот за девет часа ќе ја реши целата работа. Најтешкиот дел од процесот е да се осигурате дека луѓето нема да го користат тоалетот за тие девет часа. Сакав да користам средство за чистење, но ова е поевтино”, напишала таа.
Таа добила многу пофалби и благодарност за нејзината објава, а некои жени исто така споделиле како ги чистат тоалетите.


„Јас секојдневно користам лимонска киселина за чистење на тоалетот, но одлична е затоа што нема хемикалии, па дури и децата можат да чистат со тоа“, напишала една.
„Јас започнав да го користам овој метод пред неколку недели и задоволна сум“, додала друга.
„Лимонската киселина е најдоброто нешто во светот“, заклучила трета.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велика Сабота

Велика Сабота Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика …