Ретка медицинска појава: Жена со две матки родила момче, а после 26. дена и’ близнаци

Докторите во Бангладеш истакнуваат дека никогаш не наишле на ваков случај…

20.годишната Арифа Султанa, минатиот месец родила момче со нормален процес на пораѓање, но докторите го испуштиле присуството на втората бременост, пренесува Гардијан.
Таа ги запрепастила лекарите раѓајќи здрави близнаци 26 дена после раѓањето на првото дете. За време на првото породување, тие кај Арифа забелеѓѓале две матки.


„Ниту таа, ниту ние не сфативме дека сè уште е бремена и после породувањето. Нејзиниот водењак повторно пукнал 26 дена после породувањето и дури тогаш дојде во болница“, рекла докторката Шеила Подар, која ја следела за време на целата бременост.
Извршен бил итен царски рез и се родиле момче и девојче.
После неколку дена е утврдено дека нема компликации и дека може да си оди дома со три здрави бебиња.
Докторите во Бангладеш истакнуваат дека никогаш не наишле на ваков случај.
Арифа потекнува од сиромашно семејство, па покрај среќата што има три деца, била малку загрижена како ќе ги одгледува.


Таа за „AFP“ рекла дека нејзиниот сопруг заработува 70. долари месечно.
„Не знам како ќе успееме да се избориме со волку голема одговорност, а толку малку пари“, рекла Арифа.
Нејзиниот сопруг не го криел воодушевувањето.
„Чудо на Алах е тоа што сите мои деца се здрави. Ќе се потрудиме да ги направиме среќни во животот“, рекол Сумон Бис.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …