Репертоар на Драмски театар од 15. до 21. март

17.март (сабота) – „Снежана и седумте џуџиња“
Режија:Димче Николовски

Приказната за Снежана, нејзината лоша маќеа и седумте џуџиња, е веројатно првата покомплексна приказна со која се среќаваме како деца. Преку неа, влегуваме во чудесниот нов свет на фантастичното, исполнет со волшебни суштества, бајковити предели и магии. Од друга страна, за прв пат и на приемчив начин нé соочува со комплексните морални и животни појмови и појави како што се љубовта, смртта, зависта, љубомората, доброто и злото. Па не е воопшто чудно што генијалниот Волт Дизни ја избрал токму оваа бајка како предлошка за првиот долгометражен анимиран филм на сите времиња.
Играат: Александра Павлова, Трајанка Илиева, Калина Наумовска, Златко Митрески, Соња Стамболџиоска, Сања Арсовска, Игор Георгиев,Александар Степанулески, Димитрија Доксевски, Мартин Минговски, Дритон Вејсели, Благица Димитровска, Емилија Мицевска, Бобан Алексоски, Дарко Карбески, Марко Илиќ.


19.март (понеделник) „Европа во годината 1942“
„Европа во годината 1942“ е авторски проект на Петар Темелковски. Претставата е работена според истоимената поема „Европа во годината 1942“ на авторот Мирослав Крлежа. Во претставата се додадени елементи од улогите на авторот од претставите „Р“, „Еригон“, „Подзатворена врата“ и „Евангелие по Итар Пејо“.
„Во средиштето на претставата се ужасите од војната и последиците од неа, што за голема жал и во голема мера и денеска се римуваат со неа“.

20.март (вторник) – „Секс, дрога и рокенрол“
И така замина револуцијата, нема потреба од зошто и како, просто замина. Се заменија старите идеали за ништо, косите за ништо. Нема романтика во компромисот. Не сакам да се извадам, но нема ни да попувам. Oд попови доста. Oдиме на рационално расудување. Никој веќе не бара ништо. Kоја е потребата од тоа, кога седиме апатично? Eдинствено што ни е потребно е маст за хемороиди.
Претставата не се занимава со тоа кој и како е виновен за распадот на идеалите, туку со прашањето зошто. Зошто се повеќе и повеќе тонеме во сопствениот комфорт, оставени да чекаме на доаѓањето на нештото, иако ниту знаеме што чекаме, ниту што е тоа што ќе дојде. Мала приказна за еден човек во 7 ставови.
Автор:Ерик Богосјан


Режија: Ристе Алексовски

Игра:Сашо Тасевски


21.март „среда) – „Чолак“
Овие луѓе, без никаква конкретна причина, всушност и без еден изречен збор, го качија момчето на мостот и му ја ставија раката на една од шините….момчето за кое зборувам, сум јас…и го држат, присилен е да остане со раката на шина, тој вреска, се дере, додека во далечината гледа воз, кој се движи во негов правец, и овие…луѓе…тие го присилуваат да се соочи со воз кој бргу се приближува. Момчето дури и во овој момент, длабоко во себе, се надева, дека ова е можеби само скриена камера, невкусна шега, но тие, не се шегуваа. Тој го гледаше возот како цунами кое доаѓа кон него, и гледаше како тркалата му ја откинуваат шаката од раката. Додека тој врескаше во агонија, а возот продолжи кон залезот на сонцето, тие ја собраа неговата рака, овие дегенерици….ја земаа раката со себе и кога се одалечија на некои педесетина метри, се свртеа кон него, почнаа да му се смеат и потоа знаете што направија? Му мафтаа на момчето. Му мафтаа на момчето со неговата рака. Тој ден, момчето за последен пат, ја виде својата лева рака, но добро ги запомни нивните лица. Знаете какво чувство е тоа? Некој да ви мафта со сопствената рака?
Играат: Сашо Тасевски, Рубенс Муратовски, Игор Стојчевски, Филип Трајковиќ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …