РЕАКЦИЈА НА РЕБЕКА: „Си голтам кнедли подолго време – како и повеќето од Вас!“

Тешко е да се оди на работа со мало дете,а нема кој да го чува и се согласувам треба да се најде решение за тие семејства.Таа вест неколку дена оди на телевизија. Па добро луѓе,дали сте свесни дека стотици семејства каде што има дете со попреченост го живеат животот децении како овие шест месеци вие, а згора на тоа имаат секојдневни искушенија и не ретко борба за живот во буквална смисла…
Зборовите на Ребека потсетуваат на една човечка особина – себичност…кога најчесто мислиме само на себе. Токму на една ваква состојба во нашето општество потсетува Ребека, кога сите мислат само на себе и своите потреби и повторно ги забораваат децата кои имаат потреба од посебна нега…
Реакцијата на Ребека ја донесуваме во целост:


„Си голтам кнедли подолго време како и повеќето од вас. Оваа никако не можам да ја голтнам. Да ,знам тешко е во овие услови да се гледаат,чуваат деца и да се работи. Гледам на вести родители се бунат и негодуваат како ќе работат ако децата им се дома. Тешко е да се оди на работа со мало дете,а нема кој да го чува и се согласувам треба да се најде решение за тие семејства.Таа вест неколку дена оди на телевизија. Па добро луѓе,дали сте свесни дека стотици семејства каде што има дете со попреченост го живеат животот децении како овие 6 месеци вие, а згора на тоа имаат секојдневни искушенија и не ретко борба за живот во буквална смисла. Децата со попреченост растат физички и најголемиот дел од нив не можат никогаш сами да се грижат за себе и да бидат самостални. Асистент не се наоѓа зашто хонорарите им се многу мали, 9 000 ден. Луѓето не добија вработување. Си одат и секоја година нов. Не ви раскажувам како изгледа барањето на нов и низ што се поминува семејството , посебно детето при разделбата и навикнувањето на новиот асистент. Денес дознав дека општината преку проектот на UNDP ќе покрие хонорари само за образовните асистенти, а за личните ништо🙄😯Вистима ли е?!Обајаснете им ве молам на оние луѓе во семејства со хронично болно,ретки болести,попречености како понатаму да функционираат? Објаснете, како семејатво како моето,со три деца ќе си ги образува децата!? Како да учам он лине со децата!? Како да ги пуштам во училиште кога нашиот најголем син има ретка болест!? Како да најдам асистент по 7 ми пат во овие услови!? Како да се снаоѓаат семејствата со болни родители и деца со попреченост?! Како да функционираат пак оние кои имаат две деца со попреченост?! Дали некои конечно ќе направи протоколи за нив!? Дали некој ќе каже јасно и гласно што ќе помогне државата на оваа најранлива категорија на луѓе!? МТСП и МОН под итно да,се изјаснат. Мора да најдете решение за сите!!!“, напиша Ребека на нејзиниот профил на Фејсбук.


Си голтам кнедли подолго време како и повеќето од вас. Оваа никако не можам да ја голтнам. Да ,знам тешко е во овие…

Gepostet von Rebeka Jankovska Risteski am Mittwoch, 9. September 2020


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …