USA ACADEMY AWARDS 2020

Прославениот глумец им се обратил на следбениците:Том Хенкс открил како се чувствува откако е ИЗЛЕКУВАН од корона вирусот

Том и неговата сопруга Рита Вилсон минале две недели во карантин во Австралија, откако било потврдено дека се заразени со корона вирус
Славниот американскиот актер Том Хенкс, кој после двонеделниот карантин се врати дома од Австралија, открилкако се чувствува откако се излечил од корона вирус.
„Здраво на сите. Тука сме дома и сега заедно со цела Америка нема да одиме никаде. Ви благодарам многу на сите што се грижевте за нас во Австралија. Благодарение на нивната помош, се вративме во САД. Исто така, ви благодарам на сите за добрите желби. Тоа многу ни значеше и за мене и за Рита“, истакнал Хенкс.


Откако и обајцата се излекуваа, тие се вратија дома во Лос Ангелес.
Хенкс и Вилсон се меѓу првите од славните личности кај кои беше дијагностициран Ковид-19, меѓу кои се и актерката Олга Куриленко, актерот Идрис Елба и неговата сопруга Сабрина Дур, како и оперскиот пејач Пласидо Доминго.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …