Промоција на стихозбирката „Ноќта сѐ знае“ од Викторија Ангеловска

Во среда, 18 октомври, со почеток од 20:00 часот во галеријата на Младинскиот културен центар ‒ Скопје, ќе се одржи промоцијата на втората стихозбирка на младата поетеса Викторија Ангеловска „Ноќта сѐ знае“. Книгата низ разговор со авторката ќе ја претстави Јулијана Величковска, која за збирката ќе истакне:

‒ „Ноќта сѐ знае“ е поетска „брејкап плоча“. Книга што говори за ноќта што ги осветлува нашите мрачни страни, за ноќта пред која нема маски, ноќта што знае сѐ за нас: нашите болки, нашите трауми од детството, нашите љубови и нашата немоќ да одржиме здрави врски со себе и со другите… но и покрај тегобната атмосфера што ја градат стиховите, сеприсутна е детската нежност, наивност и желбата постојано да си ги преуредуваме нашите внатрешни ѕидови во обид на скршеното да му се даде некаква смисла, некаква суштина.


Викторија Ангеловска (2002, Скопје) студира на Катедрата по македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, Скопје. Авторка на стихозбирките „Станица 15“ (ПНВ Публикации, 2018) и „Ноќта сѐ знае“ (ПНВ Публикации, 2023).
Учествувала на интернационалниот поетски фестивал „Стих у регији“ во Загреб, Хрватска, на „Астални проекции“, на „Прво па женско“ во МКЦ, на „Отскочна даска“ во рамки на Скопскиот поетски фестивал, на „Поетска епизода“ во организација на „Култура Бета“ како и на други поетски читања во земјата. Нејзини песни се преведени на хрватски јазик и објавени во списанието „Поезија“ и во хрватската антологија на современата македонска поезија „Pronađena riječ“ („Пронајден збор“, 2023, ХДП).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на Мизар и Хармосини вечерва во Македонската Филхармонија

Вечерва во Македонската Филхармонија, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи концертот на Мизар …