Младинската претстава „Франкенштајн“ утре во Театарот за деца и младинци

Утре, во 20:00 часот во Театарот за деца и младинци во Скопје, ќе биде прикажана младинската претстава „Франкенштајн“.

Романот Франкенштајн од Мери Шели ни послужи како повод за истоимената претстава која за цел има да ги истражува различните практики на дискриминација во општеството во кое живееме. Прашањето кој е и што е; што може да биде и кој сè може да биде „чудовиште“, а пред сè прашањето кој проценува и одредува дека Другиот е чудовишен – е темата на оваа наша претстава. Следејќи ги различните теориски и книжевни постапки од Франц Кафка па преку Пол Б. Пресијад и други, се занимававме со прашањето на давање слобода на говор на оние на кои инаку не им е дозволено да зборуваат во јавниот простор. Ако „чудовиштето“ проговори, што ќе ни каже? На кој начин и заради што, ние луѓето едни со други се означуваме со погрешни, нептрифатливи и застрашувачки? Во театарско-изведувачка смисла, јазикот на претставата се гради од практикување куклен театар, како основниот принцип на театарско оживување на неживи тела (објекти), до музичко, рап концертно изведување, како еден вид на социјално ангажиран музички одговор на политичките феномени од нашето секојдневие.


Режијата е на Кокан Младеновиќ, а играат: Ангела Димитрова. Бојан Кирковски, Maтеа Јанковска, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Никола Наковски и Симона Спировска.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на Мизар и Хармосини вечерва во Македонската Филхармонија

Вечерва во Македонската Филхармонија, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи концертот на Мизар …