Промоција на новото ЕП на Trendkill + Skullcrush во Маракана


Во скопскиот клуб Маракана, утревечер со почеток од 20:30 часот, ќе се случи промоцијата на новото ЕП на метал бендот Trendkill, а како гости ќе настапат Skullcrush.

Trendkill – по три долги години пауза од издавање, го презентираат својот нов материјал во форма на ЕР – со наслов Heavy Fucking Metal. Исто така, ќе го престават и својот нов басист!


Skullcrush – битолската треш метал машинерија доаѓа во Скопје после подолг период, да нè потсети зошто се еден од најдобрите бендови во историјата на македонскиот метал, и пошироко!

Настанот е поддржан од Metal Discharge.


Влез – 250 денари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

“ЛЕНА И ВЛАДИМИР” ОСВОИ ДВЕ ПРЕСТИЖНИ НАГРАДИ НА 58-ОТ МЕЃУНАРОДЕН ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ WORLDFEST-HOUSTON

Македонскиот филм “Лена и Владимир” освои две Златни Реми награди на 58-от Меѓународен филмски фестивал …