Производите за здрава храна на “Виталиа” едни од најпопуларните во Бангладеш

Производите за здрава храна на “Виталиа” го освојуваат и азискиот континет. Последна дестинација каде се пласираат овие македонски производи е Бангладеш. Голем дел од производното портфолио на оваа наша македонска компанија, можат да се најдат на полиците во модерните супермаркети во оваа земја, каде завршуваат само внимателно селектирани производи кои се одликуваат со здрави состојки и проверен квалитет.


Овој успех се должи благодарение на квалитетот и прифатливите цени на производите и секако на развојната стратегија на компанијата да оствари диверзифициран пласман во што поголем број на земји.


Бангладеш е една од најпопуларните туристички дестинации во Јужна Азија, земјата излегува на Бенгалскиот Залив. Населението е претежно муслиманско, а главниот град Дака е најголем економски и финансиски центар во Југоисточна Азија.


Виталиа е најголемиот производител на здрава храна во Македонија, компанија која е рангирана меѓу најголемите извозници во прехранбената индустрии во Република Македонија. Иновативна компанија, која ги следи потребите на потрошувачите и која создава здрави производи за различни генерации, и различни целни групи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …