Производите на Винчини и’ во Јужна Кореја

Покрај многубројните држави во кои извезува, Макпрогрес започна со извоз и во Јужна Кореја. Нова земја каде потрошувачите може да вкусат од македонските производи на Винчини. Овој успех се должи благодарение на квалитетот и прифатливите цени на производите и секако на развојната стратегија на компанијата да оствари диверзифициран пласман во што поголем број на земји.
Јужна Кореја е последната земја на светската извозна мапа на Макпрогрес Виница, која во моментов своите препознатливи брендови ги пласира во преку 55 држави во светот.


„Со денешниот амбиент за раст и развој на бизнисот, како и променливоста на пазарните услови или ќе одберете да се развивате, да растете и да одите напред, освојувајќи нови пазари или ќе се движите наназад. Макпрогрес отсекогаш се охрабрувал на чекори и остварува деловни предизвици кои возбудуваат и нудат пласман на пазари со економски текови сосема различни од локалните” – изјавиja од извозниот сектор на Макпрогрес доо Виница.
Макпрогрес повторно го потврдува својот епитет на една од најголемите прехранбени индустрии во Република Македонија, на иновативна компанија, која ги следи потребите на потрошувачите и која создава високо конкурентни брендови кои можат да се носат со останатите на конкурентните светски пазари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски

Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски Неговиот татко Дометиј, брат на римскиот цар Пров, побегна од …