Продолжува црната серија: Ненадејно на 55 -годишна возраст починал славен актер возраст


Актерот Ентони Џонсон, кој се прослави со улогата во филмот „House partyа“, ненадејно починал на 55 -годишна возраст.
Трагичната вест за странските медиуми ја потврди неговиот братучед, кој рече дека Ентони бил пронајден како лежи без свест во продавница.
Иако итно бил пренесен во болница, лекарите можеле да констатираат само смрт. Причината се уште не е позната. Ја започнал својата кариера во 1990. година во филмот „House party“ и работел долго време како стенд ап комичар, глумел во филмовите „Смртоносно оружје“ и „Опасно за општеството“.

Најпознат е по улогата на Езал во комедијата „Петок“ во 1995. година.
– Многу сум тажен што се разбудив и ја видов веста дека А.Ј. почина. Тој беше хумористичен лик. Извинете што не те оживеав како Езал – напишал раперот, текстописецот, актерот, продуцентот, сценаристот и режисерот Ice Cube.


https://www.instagram.com/p/BmQhyJEBTDv/

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …