Print

ПРИЈАВИ ГО СВОЈОТ ТИМ НА ГЛОБАЛНИОТ МЛАДИНСКИ ПРЕДИЗВИК – ГЕНЕРАЦИЈА БЕЗ ГРАНИЦИ

Третиот по ред младински предизвик: Генерација без граници (Generation Unlimited), ќе се одржи во 40 земји во светот, а вие можете да бидете дел од оваа глобална иницијатива.
УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија ги повикуваат сите млади иноватори од 16 до 24 години да достават идеи за дигитални решенија за справување со климатските промени под слоганот „Технологија за планетата“.
Средношколци, студенти и заинтересирани млади луѓе, пријавете го својот тим, од 3 до 5 учесници и бидете креатори на својата иднина. Идеите ќе се развиваат со менторство на професионалци, преку design thinking работилници. Петте најдобри идеи ќе добијат почетни финансиски средства и дополнителна менторска поддршка за да ги развиjат своите идеи, а две од нив ќе се натпреваруваат на глобалниот предизвик, со шанса да добијат дополнителни средства до 20.000 американски долари, како и поддршка од Генерација без граници за проширување на решението.

This image has an empty alt attribute; its file name is Gen-Un-3.jpg
Имате шанса да добиете глобално признание и поддршка во справување со еден од најголемите предизвици за човештвото – климатските промени. Досега два наши тима беа меѓу глобалните победници: во 2020 година тимот eBionics, а во 2019 година, тимот АндроМета.
Овогодинешниот младински предизвик на УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија се спроведува во соработка со Центарот за социјални иновации БЛИНК 42 – 21.
Повеќе информации за предизвикот и апликацијата на линкот: https://bit.ly/3KQUDx rи линк до Facebook настан: https://bit.ly/3FBWd5w


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …