Пријателството нема цена – Приказна која ќе ве разнежни: 78. години се најдобри пријателки – ниту домот за стари лица не успеал да ги раздели!

Тие се доказ дека долгогодишните пријатели се навистина драгоценост и верност за цел живот…
Кога уште во 1941. година, како 11-годишни, се запознале и се преселиле и седнале во иста училишна клупа, Оливи Вудвард и Кетлин, од Велика Британија, никогаш не сонувале дека станат пријателкиза цел живот.
Имено, во основно училиште во англискиот град Нотингем, тие делеле тетратки, книги и насмевки, а кога биле возрасни живееле на истата улица со децении. Мажите дури работеле во истата компанија. етлин за жал го загубила сопругот во сообраќајна несреќа во 1989. година и оттогаш не есе мажела и нема деца.


A Resident at HC-One’s Berry Hill Park care home in Mansfield has moved into the home to live with her childhood friend…

Gepostet von HC-One am Montag, 2. Dezember 2019


Оливи од бракот со Рој има две ќерки, таа е баба на пет внучиња и се фали дека има четири правнуци.
Се’ се сменило кога Кетлин отишла во дом за стари лица. Иако има големо семејство, Оливи многу патела по нејзината најдобра пријателка така што решила да се пресели во истиот дом само за да биде покрај неа.
Во интервју за SWNS, таа открила дека имала многу тешко време кога Кетлин отишла во старечки дом и многу и недостасувала. Поради ова, често ја посетувала, и доаѓала секоја сабота на закажан ручек.
И тогаш неодамна таа донела одлука сама да се пресели во истиот дом. Таа дури успеала да „добие“ соба во истиот ходник, така што двете пријателки повторно се соседи.
Како што велат, тајната на нивното долгогодишно пријателство е што избегнуваат кавги и непотребни дискусии.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …