ПРЕВЕНЦИЈА НА ЗАГАДУВАЊЕТО – Познат првиот британски град во кој нема да може да се влезе со „дизелаш“ – се знае и од кога!

Британците се повеле по праксата на поедини германски градови и одлучиле да ги избркаат дизелашите од своите улици.
Првиот град на островот кој ја донел таа одлука е Бристол. Градските челници се одлучиле на оваа ригорозна одлука поради високиот степен на загаденост на воздухот, посебно во центарот на градот.
Одлуката на градот е изведување на т.н. Clean Air подрачје и тоа од 2021. година. Тоа значи дека дизелашите нема да можат да влезат во центарот на градот за време на најголемиот сообраќај, од 7. до 15. часот. Ако пак се најде некој „умен“ќе биде драконски казнет. Целокупното подрачје, кое со време ќе се зголемува, ќе биде покриен со АНПР (Automatic Number Plate Recognition) систем за автоматско читање на регистарските таблички.
Интересно е дека забраната на дизелашите ќе се однесува и на комерцијалните возила, па и такси автомобилите. Тие ќе можат да влезат во центарот на градот,но само со плаќање на „влезница“. Цената на упаѓање во „зона на чист воздух“ е 9. фунти, односно дури 100 фунти за автобуси.
Градските власти притоа најавуваат ширење на мрежа на електронски полначи, но и изградба на нови велосипедски патеки.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …