ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ – Три сестри родиле родиле четири деца во ист ден: Првото од последното одвоени само половина час

Во најстарата болница породилишта во Црна Гора, „Данило Први“ во Цетиње, три сестри Оливера, Јасна и Јелена, во петокот,на свет донеле четири деца, со размак од половина час.
Прва во салата за породување во 9 часот наутро, влегла Оливера, која го родила Стефан, по што нејзината сестра близначка Јасна ги родила близнаците Урош и Ања, а во 11 часот „серијалот“ го завршила Јелена која на свет ја донела Дарија.
Гинеколошкиот тим го водел Предраг Јововиќ, со уште двајца гинеколози, анестезиолог и педијатар, во сите три породувања.
„Раѓањата поминаа добро. Мајчките и нивните деца се добри“, рекол Јововиќ.
По успешно завршената работа, директорот на општата болница „Данило Први“, Соња Радојичиќ, објавила дека нејзиниот гинеколошки и акушерски оддел докажал дека нејзината тимска работа и организација може да бидат добра услуга за граѓаните на Цетиње и Црна Гора.
Според медиумите, најсреќна денес е Мара Мугоња, мајка на трите родилки, која добила четири внуци во еден ден.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …