Во понеделник на 18 март 2024 година во Дом на Млади во Штип, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја погледнете претставата „Последната ноќ на Јустинијан Први“ од Јордан Плевнеш а во изведба на маестралниот Петар Темелковски.
Премиерно во Штип, претставата која ја освои публиката во Рим, конечно и во Дом на Млади. Петар Темелковски е актер кој оставил свој печат на македонскиот театар и филм.
Влезот е слободен.