ПРЕСЕЧЕНО: Евровизија ќе се одржи со ограничен број гледачи во арената

Холандската влада дала дозвола овогодишеното музичко натпреварување „Евросонг“ да се одржи со присуство на 3.500 гледачи.
Годинешната Евровизија ќе се одржи во Ротердам откако беше откажана минатата година поради пандемијата со коронавирус.
Половина од арената каде ќе се одржува музичкото натпреварување ќе може да биде пополнето, а оние кои ќе присуствуваат при влегување мора да покажат негативен ПЦР тест.
Организаторите на Евросонг ја поздравија оваа одлука и наведоа дека во текот на следните недели ќе објавата повеќе детали за оваа тема. Додаваат дека здравјето и сигурноста на натпреварувачите остануваат приоритет, а тие и нивните делегации ќе мора да почитуваат строг протокол.
Евровизија ќе се одржи на 18, 20 и 22 мај и ќе учествуваат 39 земји.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …