Премиера на краткиот филм „Трговија“

На 24 октомври 2023 година, од 19:00 часот во Занаетчиски Дом на Општина Куманово, премиерно ќе биде прикажан краткиот филм „Трговија“.

„ТРГОВИЈА“ е едукативен и мотивирачки краток филм кој ги истражува темите на издржливоста, семејството и нескротливиот човечки дух. Преку објективот на овој филм, се надеваме дека ќе ја подигнеме свеста за трговија со луѓе во нашата заедница и ќе поттикнеме клучни разговори за тоа како, заедно, можеме да направиме разлика.


Репризата на истиот како и проекција на филм “Шумска Мајка” ќе се одржи на ден 25.10.2023 со почеток од 19:00ч во Занаетчиски дом Куманово. Проекција на филмот „Шумска Мајка“ започнува во 19:00ч.
Реприза на филмот „ТРГОВИЈА“ започнува во 19:30ч.

Вашето присуство на овој настан има огромна вредност. Ние веруваме дека со здружување како заедница, вклучувајќи ги локалните организации и нашата општина, можеме да го засилиме влијанието на овој филм и да инспирираме акција. Ве покануваме да бидете дел од овој колективен напор за поттикнување позитивни промени во нашата заедница, се вели во објавата од организаторот на овој настан.


Цена на еден билет изнесува 150 денари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …