Правата на претплатник на кабелска ТВ: За исклучен ТВ канал може да се раскине договор без плаќање пенали!?

Нема повеќе договори со рок на траење подолги од две години, ниту пак нивно автоматско продолжување. Не смее да ви исклучат ТВ канал без ваша согласност – се само дел од правилата предвидени од АЕК.
Уште на самиот старт корисниците треба да ја имаат на увид листата на телевизиски канали, начинот на тарифирање, рекламираната и минималната брзина на интернетот, цените и другите услови кои се дел од договорот со операторот.
Во случај кабелскиот оператор да ги промени или исклучи каналите наведени во договорот, треба да го извести претплатникот најмалку еден месец пред да го направи тоа, а ако корисникот не сака да ги прифати новите услови, може слободно да го раскине договорот без притоа да плаќа пенали. Овие правила важат за сите договори потпишани по 2015 година.
Дополнително, операторите немаат веќе право на договори со рок на траење подолг од две години, ниту пак, нивно автоматско продолжување.
Ова е дел од законските нормативи кои се присутни веќе неколку години, но никој не ги применува. Доколку побарате список од канали од кабелскиот оператер ќе ви дадат обичен список со канали…Но, не и официјален според кој подоцна можете и да регирате и да ги барате своите права.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТУРБУЛЕНТЕН ЉУБОВЕН ЖИВОТ НА ТУРСКАТА АКТЕРКА: Првиот сопруг ја претепал и ја прегазил со автомобил, а поради вториот сопруг решила да абортира

Небахат Чехре денес има 80 години, но зад себе има турбулентен живот… Публиката во Македонија …