Повторно промени: Какво време не очекува наредните денови?

Под влијание на значително потопла воздушна маса од јужните географски широчини во текот на следниот период времето во државава ќе биде стабилно, суво и релативно топло преку ден со позначително покачување на максималните дневни температури на воздухот кој на многу места ќе се искачат над 10 степени. Дневните температури ќе се искачуваат од 11 до 17 степени додека времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер. Само уште во вторник (денес) ветерот ќе биде со слаб до умерен интензитет.
Сепак и покрај високите дневни температури на воздухот наутро ќе биде релативно студено па така на некој места температурите на воздухот ќе се спуштаат под нулата во интервалот од -5 до 2 степени додека на високите планински места истите ќе се спуштат под -10 степени.
Сепак во текот на денов сеуште на планинските места локално ќе провејува снег, прогнозираат од  meteomax.mk.
Нека не ве лаже сонцето, облечете се топло…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …