Посетителите на „Капитол Мол“ ги поставија своите украси на природните елки донирани од „Винчини“

По повод празниците, во почетокот на декември, „Винчини“ постави декоративни природни елки во „Капитол Мол“ кои го разубавија просторот, а воедно делуваа и како природни прочистувачи на амбиенталниот воздух во молот.
На прекрасните зимзелени дрвца, посетителите на „Капитол Мол“ поставија новогодишни украси и рачно изработени декорации кои придонесоа за празничен амбиент.
Посетителите на молот, најчесто дечињата донесоа украси по своја желба, рачно изработени, распар или постари украси, и ги поставија на зимзелените гранчиња.
По завршување на празничните денови, „Винчини“ ќе ги донира и засади елките во дворовите на неколку скопски градинки и училишта.
„Им благодариме на сите посетители на ’Капитол мол’ кои се вклучија во акцијата и ја препознаа нашата искрена намера да направиме поразлична празнична акција. Украсите кои ги поставивте се прекрасни, а ние ќе се потрудиме да заблескаат на новогодишните елки во неколку градинки и училишта. Елките остануваат во ’Капитол Мол’ до Божик, па ве повикуваме да го поставите вашиот украс и заедно да ја споделиме магијата на празниците“ – вели Марина Андреева, маркетинг координатор во „Винчини“.
Меѓудругото, природните елки кои се’ уште се живи дрва со корени во земја, се добри за амбиенталниот воздух во просторијата каде се поставени, бидејќи на игличките на зимзелените дрва и грмушки се лепат секакви прашинки и нечистотии.
Новогодишните природни елки, изгледаат многу пораскошно од вештачките, а придонесуваат за потопла атмосфера и пријатен мирис во просторот.
Во зимскиот период, кога жителите на Скопје се загрижени за квалитетот на воздухот во градот, секој вложен напор да се влијае позитивно на оваа ситуација е вреден и добронамерен. Посетителите на „Капитол Мол“ ги поставија своите украси на природните елки донирани од „Винчини“
По повод празниците, во почетокот на декември, „Винчини“ постави декоративни природни елки во „Капитол Мол“ кои го разубавија просторот, а воедно делуваа и како природни прочистувачи на амбиенталниот воздух во молот.
На прекрасните зимзелени дрвца, посетителите на „Капитол Мол“ поставија новогодишни украси и рачно изработени декорации кои придонесоа за празничен амбиент.
Посетителите на молот, најчесто дечињата донесоа украси по своја желба, рачно изработени, распар или постари украси, и ги поставија на зимзелените гранчиња.
По завршување на празничните денови, „Винчини“ ќе ги донира и засади елките во дворовите на неколку скопски градинки и училишта.
„Им благодариме на сите посетители на ’Капитол мол’ кои се вклучија во акцијата и ја препознаа нашата искрена намера да направиме поразлична празнична акција. Украсите кои ги поставивте се прекрасни, а ние ќе се потрудиме да заблескаат на новогодишните елки во неколку градинки и училишта. Елките остануваат во ’Капитол Мол’ до Божик, па ве повикуваме да го поставите вашиот украс и заедно да ја споделиме магијата на празниците“ – вели Марина Андреева, маркетинг координатор во „Винчини“.
Меѓудругото, природните елки кои се’ уште се живи дрва со корени во земја, се добри за амбиенталниот воздух во просторијата каде се поставени, бидејќи на игличките на зимзелените дрва и грмушки се лепат секакви прашинки и нечистотии.
Новогодишните природни елки, изгледаат многу пораскошно од вештачките, а придонесуваат за потопла атмосфера и пријатен мирис во просторот.
Во зимскиот период, кога жителите на Скопје се загрижени за квалитетот на воздухот во градот, секој вложен напор да се влијае позитивно на оваа ситуација е вреден и добронамерен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ханами – промо настан за Сакура фестивал

Денес во барот Кантина, со почеток во 17:00 часот ќе имате можност да запознаете некои …