ПОСЕСИВНИ сте во врските? Слободно искажете љубомора но на ЗДРАВ НАЧИН!

Погрешно изразената љубомора може целосно да ја уништи вашата врска …
Љубомората ги уништува врските, предизвикува сомнеж кај вас, а понекогаш обидот да ја надминете љубомората изгледа како борба со ветерници. Љубомората е таа што предизвикува недоверба, ја уништува самодовербата и може трајно да ги расипе инаку големите љубовни врски.

„Ако со почит ја искажете својата загриженост, вие и вашиот партнер можете да ја користите љубомората како можност за учење и раст како двојка“


Ако не можете да го надминете чувството на љубомора, тогаш барем научете да го искажете на вистински начин, што нема да има лоши последици.

Бројте до десет
Нема ништо забавно да забележите дека вашиот партнер флертува и дека и намигнува на друга личност или да ви кажува за некоја славна личност како за симпатија, но не мора да се вознемирувате за тие работи. Секогаш кога ќе се налутите од љубомора, затворете ги очите и сметајте до десет. По десет секунди, запрашајте се дали навистина вреди да си го уништите денот. Ако сепак треба да разговарате за тоа со вашиот партнер, направете го тоа мирно.


Како да се изрази љубомора на здрав начин?
Љубомората, доколку се изрази веднаш и на здрав начин, може да им помогне на паровите да покажат поголема благодарност едни кон други, да не го земаат својот партнер здраво за готово и да делува како гласник кога нешто изгледа како да не е во ред.
Сепак, начинот на кој ја изразувате љубомората ќе биде одлучувачки фактор за тоа колку ви помага. Ако му викате на вашиот партнер, тоа сигурно нема да даде позитивен резултат. Но, ако со почит ја искажете својата загриженост, вие и вашиот партнер можете да ја користите љубомората како можност за учење и раст како двојка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …