Популарниот глумец Рип Торн починал во 88. година: Го сакавме поради „Луѓе во црно“, а Оскарот за малку му избега!

Славниот холивудски глумец Рип Торн починал во вторникот во 88. година на живот.
Неговиот менаџер соопштил дека Торн починал во својот дом во Лејксвил, окружен со семејството – сопругата Еми Рајт и ќерките Кејти Торн и Анѓелика -Пејџ, а причината за смртта не е наведена.


Овој холивудски великан бил и кандидат за Оскар, кога во 1984. година бил номиниран за најдобар спореден глумец во филмот „Cross Creek”, а во текот на кариерата освоиол и шест Еми награди. Тој исто така бил голема ѕвезда на Бродвеј.



На домашната публика и е познат по улогата во „Луѓе во црно“ од 1997. година, а не можеме а да не ја спомнеме ниту неговата улога во култната серија „The Larry Sanders Show” на HBO.
Се женел три пати а зад себе оставил шест деца.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …