Пола балканска естрада на роденденот на Бекстејџ

Вчеравечер, најгледаниот естраден магазин „Бекстејџ” го прослави својот 16-ти роденден. Роденденската прослава беше во хотел „Холидеј Ин”, а на истата присуствуваше цела македонска и балканска естрада. 
 
На роденденската прослава беа доделени признанија на најуспешните соработници од музичката, спортската и телевизиска сфера. Меѓу гостите беше дел од џетсетот на македонската естрада, балкански музички ѕвезди, како и политичари.
 
Директно од Белград, на роденденот на „Бекстејџ” дојдоа мега популарните Нучи, Зера, Хени и Попов, кои добија награди и уживаа до самиот крај на манифестацијата.
 
Награди добија и Лара Иванова, Пајак, Галоски, Сара Климоска, Елиф Елмас, нашите одбојкари, Либеро бенд, Владо Јаневски, српскиот инфлуенсер Марко Маријоковиќ и единствениот Дарко Димитров.
 
Награда за општествено одговорна кампања доби „Макпетрол”, наградата за најуникатен локал ја доби „Голд Фелициа”, а „Универзитет Скопје” доби награда за поддршка на македонската музичка сцена. 
 
Бекстејџ има свој печат кој што се разликува од останатите. Роденденската прослава на Бекстејџ сигурно е еден од нив. Не само затоа што е настан каде се собира цела јавна фела, туку затоа што со тие неколку часа прослава ние раскажуваме цела една наша година. И не се фалиме самите себеси, туку на пиедестал ги редиме достигнувањата на другите видени низ наша призма. – вели уредничката Ева Јакимовска.

Пред 16 години стартуваа со ентузијазам, денес продолжуваат со искуство и сериозна тежина зад себе. Бекстејџ е многу повеќе од она што го гледаме денес. Да не заборавиме дека освен македонските и балканските ѕвезди, пред објективот на Бекстејџ се појавија и  50 CENT, Џони Деп, Тиесто, Зизи топ, Роџер Санчеџ, Пол ван дајк, Роберто Кавали, Дејвид гета, Ели Голдинг, Виз Калифа,Моника Белучи и многу други. Ретко кој медиум во Македонија може да се пофали со такви големи ексклузивни имиња.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …