ПОИНАКОВ СКОПСКИ СКЕЈТ НАСТАН

Трет скејт бординг натпревар ONE MORE TRY Skopje (28-29 Септември)

Во последниот викенд од септември Скопје ќе биде домаќин на третиот Скејтбординг натпревар ONE MORE TRY Skopje, кој ќе се одржи на неколку локации низ градот. Станува збор за еден малку поразличен скејт настан, кој се одржува еднаш годишно и кој е единствен од ваков тип во регионот. Натпреварот е отворен з аскејтери од сите возрасти. Атмосферата ќе биде дополнета со многу музика, дружба и одлични трикови.


Почнувајќи од сабота (28 септември), скејтерите ќе се натпреваруваат на две локации. Првата локација е Кејот на Вардар, под Камениот мост, каде ќе се одржи класичен “Cash4Tricks”натпревар. Висината на наградата ќе зависи од сложеноста, стилот и успешното слетување на трикот. Потоа натпреварот ќе продолжи на новоотворениот полигон „Pump Track“кај Олимпискиот базен, каде ќе се наградуваат најбрзите.


Кој ќе има уште енергија после првиот ден, ќе продолжи во недела (29 септември) на демо сесијата од неколку мини игри што ќе се одржат на спортското игралиште на поранешната спортска сала „Партизан“ во градскиот парк.


Натпреварот ќе кулминира со уште еден “Cash4Tricks” натпревар во рамките на кој скејтерите ќе прескокнуваат голема пречка и на која ќе ги пробаат најтешките трикови. За каква пречка се работи посетителите ќе можат да откријат само во Недела. Секако, сите се поканети да се дружат и да го следат натпреварот.

Настанот се одржува под покровителство на Град Скопје.

Програма:

28.09 Сабота
15:00h Кеј (кај Камени Мос)
18:00h Памп Трак

29.09 Недела
15:00h Игралиште Партизан
18:00h Фонтана Лотус (Градски Парк)

https://onemoretryskopje.com/
https://www.facebook.com/one.more.try.skopje/
https://www.facebook.com/events/758459881258458/
https://www.instagram.com/1_more_try/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …