Поетска епизода #5 – Поетика на питорескното

Во сабота (22.4.2023) со почеток во 21 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи петтото издание на поетската вечер „Поетска епизода“ во организација на младинското неформално здружение за култура „Култура Бета“, а со поддршка на Europe House.

Во оваа епизода гостуваат поетите и поетесите Ана Димишковска, Владимир Мартиновски, Ѓоко Здравески, Дејан Трајкоски и Марија Хана Трајкоска. Вечерте ќе ја модерираат младите поети Андреј Медиќ Лазаревски и Марија Велинова.


Оваа епизода е поесветена на поетиката на питорескното што како тема ги опфаќа поезијата посветена на ликовни дела, поезија за филмови, визуелната поезија, поезија за бои и сето она што може да влезе измеѓу.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …