Подгответе се: Ни се доближува ново невреме!

Невремето, иако беше најавено, сепак не изненади бидејќи никогаш не можете добро да се подготвите за моќта на природата…
Под влијание на нов изразен влажен воздушен бран за време на викендот и тоа особено во сабота навечер и во текот на ноќта кон недела како и во недела се очекуваат нови поинтензивни врнежи од дожд ( локално над 30 л/м2). Секако се очекува и локален развој на нестабилна облачност проследена со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен до силен ветер како и со услови за појава на град. Токму поради оваа ситуација граѓаните да бидат внимателни, а поради поинтензивните врнежи можни се и локални поплавувања, предупредува Славчо Попоски.



Влијанието на посвежата воздушна маса од север понатаму кај нас ќе условува подпросечни температури на воздухот за овој дел од годината, па така истите на повеќе места ќе останат под 30. степени, а наутро најниските температури понекаде се очекува да се спуштат и под 10. степени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …