Починала ѕвездата од филмот „Петтиот елемент“

Томи „Тајниот“ Листер, познат на нашата публика по улогата на претседател Линдберг во филмот „Петтиот елемент“, починал на 62-годишна возраст.
Според странските медиуми, Томи не бил пренесен во болница кога Брзата помош пристигнала во неговиот стан, туку на лице емсто било констатирано дека е мртов.
Листер беше познат по своите улоги на жестоки момци во текот на осумдесеттите години, за да направи пресврт кон комедиите почнувајќи од филмовите „Петок“ и „Следниот петок“ со Ајс Кјуб и Крис Такер.
Тој исто така имаше улоги во гореспоменатиот СФ спектакл „Петтиот елемент“, „Темниот витез“, но и во анимираниот „Зоотопија“.
Покрај актерството, Томи имаше два кратки ангажмани во професионално борење, а тој глумеше заедно со Халк Хоган – како негативец, Зевс – во филмот „No Holds Barred“ од 1989. година.
На почетокот на оваа година, Листер им помагаше на ужалените семејства – а неколку месеци претходно ги предупреди децата да останат внатре во раните денови на пандемијата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на Васил Хаџиманов Бенд вечерва во Public Room

Вечерва, со почеток во 21:00 часот, во Public Room, ќе имате можност да го проследите …