Починала Вивиен Вествуд

МОДНАТА дизајнерка Вивиен Вествуд починала на 81-годишна возраст.
Смртта ја потврди нејзината модна куќа со објава на Твитер, каде што беше наведено дека дизајнерката починала во сон опкружена со семејството во Лондон.
„Ќе ја носам Вивиен во срцето. Работевме до крај и таа ми даде многу работи со кои морам да продолжам”, рекол нејзиниот сопруг Андреас Кронталер.


Таа се појави на сцената во 1970-тите
Вивиен Изабел Свајр е родена на 8 април 1941 година во селото Тинтвистл во Дербишир, како најстаро од трите деца. Таа се школувала во Глосоп пред да се пресели со семејството во северен Лондон.
Модната дизајнерка се прослави на модната сцена од 1970-тите со нејзините андрогени дизајни, маици со слоган и непочитување кон естаблишментот.
Кога ја доби својата OBE во 1992 година, Вествуд носеше совршено скроен костум со сива капа во ист стил, но без гаќички одоздола. Таа подоцна рече: „Запознав човек кој работеше со кралицата и тој рече дека тоа многу ја забавувало“.
Вествуд е одговорна за некои од најпознатите модни дизајни, а во последниве години е позната по венчаниците, како онаа што ја носеше Кери Бредшо во филмот „Сексот и градот“ од 2008 година.

Вествуд, исто така, се прослави како активист, организирајќи јавни протести за да ја подигне свеста за причините блиски до нејзиното срце, вклучувајќи ги климатските промени и Џулијан Асанж.

За нејзината работа, таа од кралицата Елизабета ја добила титулата Дама.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …