Починал Ричард Белцер, инспекторот Џон Мунк од серијата „Закон и ред“

Актерот Ричард Белцер, најпознат по улогата на инспекторот Џон Мунк во сериите „Убиство: Животот на улица“ и „Закон и ред: Единица за жртви“, починал на 79-годишна возраст.

„Белцер почина рано утринава во својот дом во Бозулс, во југозападна Франција“, изјавил писателот Бил Шефт, долгогодишен пријател на актерот, за „Холивуд репортер“. „Имаше многу здравствени проблеми“, додал тој.



Ричард Белцер ја започна својата кариера како стенд-ап комичар во различни клубови во Њујорк. Тој беше дел од хумористичната трупа „Канал 1“, која ја сатиризираше телевизијата и стана основа за култниот филм „The Groove Tube“ од 1974 година во кој се појави, и беше комичар за загревање во раните сезони на „Saturday Night Live“.



Тој беше гостин-ѕвезда во различни ТВ серии, меѓу кои „Moonlighting“, „Miami Vice“ и „Tattingers“, но токму неговата улога на споменатиот инспектор Џон Мунк му донесе светска слава.
Неговото последно појавување како Џон Мунк беше во гостувањето на Law & Order: SVU во 2016 година. Истата година најави повлекување од актерството.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од 12-ти до 14-ти декември по 9-ти пат ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „ Winter Apricots“

Во Прилеп, од 12-ти до 14-ти декември ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „Winter Apricots“. …