Почина американскиот писател Винстон Грум, автор на романот „Форест Гамп“

Винстон Грум, авторот на романот „Форест гамп“, по кој истоимениот филм доби Оскар со Том Хенкс во главната улога, почина на 77-годишна возраст, објави Би-Би-Си.
Филмот, снимен во 1994 година според книгата на Грум, освои шест Оскари, вклучително и оние за најдобар филм и главна улога, како и три награди „Златен глобус“.
Остварувањето на режисерот Роберт Земекис, во кое покрај Хенкс играат и Сали Филд и Робин Рајт, заработи 683. милиони долари.
Смртта на Грум ја потврди гувернерката на Алабама, Кеј Ајви.


Сцена од филмот „Forest Gamp“
„Алабама одеднаш изгуби еден од своите најталентирани писатели. Иако ќе остане запаметен по ‘Форест Гамп’, Винстон Грум беше талентиран новинар и истакнат автор на книги за американската историја. Нашите срца и молитви се со семејството“, напишала Кеј Ајви на својот профил на Фејсбук.


                                         Универзитетот во Алабама го нарече Грум една од своите легенди.

По дипломирањето на Универзитетот во Алабама во 1965. година, тој бил во војска и извесно време поминал во Виетнам, по што работел како репортер.
Тој ја напиша „Форест Гамп“ во 1985. година, а книгата беше објавена следната година.
Во позадината на приказната за добронамерниот Форест Гамп се Џон Кенеди и Линдон Џонсон, Виетнамската војна и аферата Вотергејт.
Низ сето тоа се провлекува главната желба на Гамп да се обедини со својата драга од детството, која ја игра Робин Рајт.
Во 1995. година, Грум го напиша продолжението наречено „Gump and Co“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …