*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Ако може да им се верува на sвездите, некои астролошки знаци се повеќе склони кон измама отколку другите!
Риби
Тие се многу чувствителни, па кога се лутат на својот партнер, имаат тенденција да се одмаздуваат или забавуваат на страна. Она што е карактеристично за нив е дека им е тешко да ја прекинат врската, па ќе останат во несреќна врска и ќе изневеруваат. Некои од припадниците на овој знак се надеваат дека ќе бидат фатени и дека агонијата ќе заврши, но врската нема да заврши самоиницијативно.
Близнаци
Уживаат во вниманието, и кога мислат дека тоа не е во соодветен износ, тие имаат тенденција тоа да го бараат на друго место. Бидејќи се многу неодлучни, тие никогаш нема да ја прекинат врската, туку секогаш ќе го држат својот љубовник настрана како резерва. Не им е проблем да седнат на две столчиња ако тоа значи дека добиваат толку внимание колку што мислат дека заслужуваат.